По страшната трагедија синоќа, од утрово премиерот Христијан Мицкоски е во Кочани заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Премиерот Христијан Мицкоски го одложи патувањето за Подгорица каде се одржува самит на ЕПП. Тој ќе побара да се одложи самитот за Западен Балкан кој треба да се одржи среда и четврток.

(ВИДЕО) МОМЕНТОТ КОГА СЕ ЗАПАЛИЛА ДИСКОТЕКАТА ВО КОЧАНИ – обрнете внимание на таванот!

Голема трагедија во Кочани. Се запали дискотека за време концерт, има жртви и повредени. МВР ги приведува сите вклучени во организацијата на концертот. Бројот на жртви и повредени во пожарот се утврдува.