Ако навреме се фатиме за работа, тогаш не гледам причина зошто на следните парламентарни избори да не успееме да одиме со една изборна единица, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на денешниот настан по повод 80-годишнината од постоењето на Државниот завод за статистика (ДЗС).
– Политичката партија ЛДП денеска најави дека ќе поднесе во Собранието предлог за укинување на шесте изборни единици и воведување една изборна едиица со можност да гласа и дијаспората. Јас веќе еднаш потврдив дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржат ваквиот предлог. Секако, потребно е тој предлог да дојде во наши раце, добро да го прочитаме и да го анализираме, ама начелно се согласуваме со ваквите измени – порача Мицкоски.
Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, денеска до Собранието достави предлог-закон за измени на Изборниот законик, со кој се предлага Македонија да биде една изборна единица. Според партијата, предложените измени ќе придонесат за поголема демократизација на изборниот процес, јакнење на законодавната контрола врз извршната власт, како и за демонтажа на „еднопартискиот систем“ на владеење.
Обраќање на премиерот Мицкоски од настан по повод 80 години од постоењето на Државен завод за статистика погледнете го во продолжение.