Нема да има реконструкција на Владата. На новинарско прашање во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ упатено кон премиерот Христијан Мицкоски дали планира да промени нешто во Владата премиерот е дециден дека верува во министрите.
Се огласи и за министерката за финансии и одговори дека тоа што го работи министерката Гордана Димитриоска Кочоска за него е инспиративно.
- Знам што затекнаа членовите на Владата. Знам какви им беа предизвиците. Се разбира да бидам објективен сите ги немаат истите перформанси, но тоа не е пресудно да се прават било какви интервенции во Владата. Немам таков план, но не го исклучувам тоа во некоја иднина. Да почекаме времето да даде одговор, рече Мицкоски.
Премиерот рече дека сите се мотивирани да направат нешто.
Мислам дека е потребно да помине време да се согледаат сите перформанси. Апсолутно сум задоволен за соработката со сите, заклучи претседателот на Владата.