Од манастирот напишаа:

-Претседателот на Владата беше пречекан од страна на монашкото братство и одведен во манастирскиот католикон, каде што накратко му беше раскажано за историјата на Обителта. Тој го искажа своето задоволство од грижата на Братството за благолепието на храмот Божји, за градителските потфати, а покажа посебен интерес за историјата и содржината на прочуениот иконостас, стои во објавата.

По посетата на храмот, Заев со своите придружници бил и во големата манастирска сала за свечености, каде што деновиве се одржуваше Втората малореканска научна конференција, насловена „По патеките на Дичо Зограф“.

Таму, имал можност да го слушне излагањето на проф. д-р Сашо Цветковски за украдените икони од црквите во реканскиот крај и при што изразил подготвеност да помогне за нивно враќање од Албанија каде што припаѓаат.

-На крајот од својата кратка посета, премиерот оствари средба и со старецот и игумен на манастирот, епископ Антаниски г. Партениј, кој го запозна со тековните дејности на Обителта. Премиерот се заблагодари за топлиот пречек и истакна дека Бигорски е сенароден сакрален споменик, кого сите треба да го почитуваат, без разлика на верската и национална припадност, се наведува во објавата.

Заев и лично му се заблагодарил на владиката Партениј за неговиот пожртвуван труд и грижа, кој како домаќин на ова значајно македонско Светилиште, направи многу за неговото заживување, разубавување и одржување, но и за големата општествена мисија што тоа, под негово игуменство, ја спроведува во изминатите речиси три децении од обновувањето на монаштвото во него