Ковачевски да се извини и да си даде оставка, тој ги навреди земјата и народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ковачевски не изреагира и не се спротивстави на констатацијата на Еди Рама, дека тој ќе биде премиер на Западна Бугарија. Напротив, Ковачевски се смееше и со тоа одобрува газење и исмевање на сметка на Македонија.

Ковачевски е продолжение на политиките на виткање на кичма кој го започна Зоран Заев, која кажа дека македонскиот и бугарскиот јазик се еден ист јазик, стои во партиското соопштение и се додава:

„Ковачевски дозволи јавно да биде понижена Македонија, и иако знаеше дека го снимаат камери тој се смееше и одобруваше. Што прави Ковачевски и како се однесува кога камерите се исклучени?

Постои огромен сомнеж дека Ковачевски вака се однесува и на преговорите кои тајно ги води, и дека ја понижува државата. Тој покрај тоа што треба да се извини, мора и да си даде оставка. Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада“.