Добро утро на сите што веруваат во Македонија, напиша на Фејсбук пратеникот Љупчо Пренџов.
Со недели слушавме навреди, потценувања и мрачни прогнози: дека нема реформи, дека доцниме, дека државата е „во заложништво“, дека Европа нема доверба во нас и дека Македонија нема капацитет да оди напред. Но, вчера Брисел ја потврди вистината. Македонија доби најмногу средства, а нашата работа и резултати беа признаени како најуспешни во исполнувањето на реформите. Ова е победа на Македонија. И затоа, наместо лаги и клевети, денес е ден кога секој што ја потценуваше државата треба да признае дека Македонија знае, може и заслужува. Колку и да некои сакаат да ја омаловажуваат, Македонија оди напред. Силна, достоинствена и исправена пред Европа, истакна Пренџов.
П.С Сега останува уште едно прашање: Дали тие што најгласно обвинуваа, ќе имаат доблест јавно да се извинат? Праша пратеникот Пренџов.
