Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, на Фејсбук сподели ставови за улогата на жената во семејството и општеството, нагласувајќи дека силата на семејството и државата се поврзани со положбата и почитта кон жените.

„Кога жената е силна, семејството е стабилно.Кога семејството е стабилно, државата е посилна.

Нашата обврска како носители на јавни функции е да создадеме општество во кое ниту една жена нема да молчи поради страв, во кое нејзиниот труд ќе биде праведно вреднуван и во кое нејзиниот потенцијал ќе биде препознаен афирмиран и поддржан.

Затоа почитта се покажува со дела.Можностите се создаваат со политики.Еднаквоста се гради со храброст.Да бидеме генерацијата што нема да дозволи неправдата да продолжи, туку ќе ја претвори во сила за промена.“