Стратешки за македонските интереси и идентитетот 

„Наша должност е покрај тоа што имаме стабилен економски раст, три и пол пати поголем од тој којшто го имаа СДС, имаме 100% усогласена надворешна и безбедносна политика со Европската Унија, имаме законодавство коешто од сите кандидати е највисок степен усогласеност со Европската Унија, останува да се грижиме за состојбите коишто ги имаме со Бугарија, но истовремено треба да мислиме и на потребите на државата“, рече Пренџов и додаде:

„Кога се работи за Македонија, кога се работи за нашите предци и за нашите поколенија мора многу сериозно, многу стратешки и многу мудро да се размислува. Не велиме никогаш нема да има Бугари во Уставот, велиме кога Македонците ќе ги внесеме во Европска Унија тогаш и вие ќе влезете во нашиот Устав. Работиме на таа тема паралелно, ама немаме 1% раст каков што имаше владата на Заев, имаме 3,8% раст“.

Пренџов нагласи дека владата на Заев оставила големи штети и покрај сите предупредувања, вклучително променето име, знаме и банкноти, и потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го зачува македонскиот идентитет.

„Тоа што го бара Бугарија не е ново, тоа што го бара Бугарија го бара 150 години и ниту еден претходно не го направил тоа коешто го направи двоецот Заев и Филипче. Ве молевме и ве предупредувавме дека ќе завршиме во ќор сокак, ве молевме и ве предупредувавме дека Македонецот доста му е од понижување, ве молевме и предупредувавме дека покрај сменето име, презиме, банкноти, 20 пати Устав сменето, знаме сменето, не сакаме повеќе да бидеме луѓе коишто ќе си ја наведнеме главата ќе молчиме, ќе бидеме научени да губиме а ништо да не добиваме. Ние сме нова политичка номенклатура, ние доаѓаме и ги држиме македонската традиција и македонскиот идентитет по секоја цена“, заклучи Пренџов.