– Коалицискиот капацитет на СДСМ најдобро се виде на една дебата во која беше Петре Шилегов, а останатите и оние блиски до нив рекоа дека нема да гласаат за него. СДСМ се плаши од коалицискиот капацитет на опозицијата, вели Пренџов.
Според него е јасно ако се гледа трендот во првиот круг јасно е дека ќе губи СДСМ и во следниот, втор круг.
– На пример и да победи Максим Димитриевски во Куманово тоа нема врска со СДСМ, тоа е нивни пораз. Неговата кампања и делување не личи на ништо што прави СДСМ, вели Пренџов.
Мислам, дели тој, дека СДСМ, нема никаков коалициски капацитет и затоа Шилегов нема да помине добро во втор круг.
– За разлика од него Данела Арсовска е освежување на политичката сцена, а тоа му е потребно и на Скопје, вели Пренџов.