-Амандманите што ги поднесовме се однесуваат на непродуктивните трошења, политиката треба да се концентрира како да им се помогне на граѓаните. Четири ставки се секаде зголемени. Кај нас како опозиција тоа прикажува загриженост. Мора малку да олабавиме со политиката, да се свртиме кон економија. Не можам да се помирам како може Влада на Косово да им овозможува на граѓаните подобар живот од Владата во Македонија. Има многу небулози, кога ќе се види Буџетот. Она кое загрижува е борбата со организиран криминал, едноставно каде и да се отвори се стагнира, сметам дека дефицитот кој се планира ќе е премал“ – вели Пренџов, во Студио 10 на ТВ24.