Македонската јавност ја мачи како за 9 месеци со влез на Алијанса за Албанците ќе се подобри животот на граѓаните. Дали ќе се намали инфлацијата, дали ќе се намалат цените на продуктите во маркетите и на пазарите, дали ќе имаме поправна држава, подобар судски систем и дали ќе се решаваат проблемите со влезот на Алијанса, изјави за „Само вистина“ на Канал 5, пратеникот Љупчо Пренџов од коалицијата „за Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
– Како ќе му се подобри животот на овој народ? Или се задолжуваме, од Фондот не може да земат плата, не може да земат трудничко, денеска е 20-ти не можат да земат плата. Тоа се реални проблеми, одиме во маркет и има за 50-60% качени продукти, кажете како тоа ќе се подобри. Власта сака да седи, да нема подобар живот, ама ни избори, рече Пренџов.
Пренџов посочи дека ова што се прави е пазар политика и изигрување на волјата на граѓаните.
– Има целосно изигрување на волјата на граѓаните од оние кои тие ги претставуваат, пазар политиката доведе од 2017 досега довербата во институциите да се преполови, затоа што има луѓе кои се пазарат со гласови кои ги добиле за една програма, спроведуваат друга програма, рече тој.
Според него има неколку прашања кои треба да ги одговори власта, ако власта која тврди дека има 64 пратеници и со влезот на Алијанса треба да има 72, дали ако има помалку тоа ќе биде неуспех за СДСМ.
– Второто е, бидејќи на телевизија симбол за ЕУ им се Маричиќ, Груби довербата паѓа. СДСМ во Собрание не може да преговара со нас за уставни измени бидејќи знаат дека оваа пратеничка група е хомогена и нема да им гласа за уставни измени. Договорот со Бугарија е на штета на Македонија и на иднината на државата, изјави Пренџов.