-На 6 август кога беа распишани изборите потрошиле 37 милиони евра. Од нив половината отишле за стоки и услуги, и тоа најмногу за договорни услуги, а другата половина или околу 17 милиони евра се наменети за субвенции и трансфери, при што безмалку целиот износ отишол за разни трансфери.
На 9 август државата поарчила околу 11 милиони евра, а најмногу пари отишле за стоки и услуги, и ТРАНСФЕРИ ДО ОПШТИНИТЕ.
10 август потрошиле државни пари од над 34 милиони евра. На тој ден ИМАЛО еден ГОЛЕМ државен трансфер до ОПШТИНИТЕ, од дури 19 милиони евра.
11 август, пак, од државниот буџет се одлеале 14 милиони евра, а од нив дури 10 и пол милиони евра отишле за СУБВЕНЦИИ.
18 август, буџетот бил полесен за 14 милиони евра, при што овој пат осум милиони евра се за стоки и услуги и тоа главно за ДОГОВОРНИ УСЛУГИ, а добар дел отишол и за СОЦИЈАЛНИ БЕНЕФИЦИИ.
Ова почитувани пријатели е класична злоупотреба на системот и државните ресурси.
⛔️Ова е државен предизборен поткуп.
Еден ден, во многу блиска иднина од сега, некој ќе мора да понесе одговрност!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.