Судијата Пајазит Пајазити го пуштил Рамадани да избега?

Кадрите на СДСМ и ДУИ во судството го пуштија косовецот Блерим Рамадани да избега, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ. Посочија дека судијата Пајазит Пајазити го пуштил Рамадани во домашен притвор, и одлучувал за условна казна на обвинителот Иџет Мемети за поткуп.

Тошковски одговори на СДСМ за бегството на Блерим Рамадани: Зошто судот одлучил да го стави лицето во куќен притвор наместо во ефективен притвор?

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува претходната власт

„Пајазит Пајазити, судија близок до ДУИ и СДС го пушти Блерим Рамадани во куќен притвор, за лесно да избега. Пајазит Пајазити е истиот судија кој одлучуваше и за упадот во кулата за летање на аеродромот, и за условната пресуда на Иџет Мемети во случајот со поткуп. Секогаш кога СДС и ДУИ имаат интерес тука е Пајазит Пајазити. Бараме институциите веднаш да отворат постапки и Пајазит Пајазити да биде разрешен од функцијата судија“, изјави Бојан Стојаноски-пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Владата на ВМРО-ДПМНЕ самата себеси се демантира за секој обид за манипулација во однос на скандалот со бегството на Блерим Рамадани, реагираа од опозициската СДСМ. Одговорноста за бегството сметаат е кај министерот за внатрешни работи Тошковски, од кого бараат оставка.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ сама себе се демантира за секој обид за манипулација и спин во однос на скандалот со бегството на Блерим Рамадани. Последната комедија на оваа тема се вчерашните изјави на Александар Пандов и вицепремиерот Изет Меџити кои јасно посочија дека вината за бегството и информациите како избегал Рамадани треба да се бара во МВР. Мицкоски по повеќе скандали сè уште го штити Тошковски кој демонстрира страшна неспособност и мора да си поднесе оставка“, велат од СДСМ.

Комисија на судскиот совет истражува за бегството на Рамадани

Судскиот совет формираше комисија која треба да истражи кој ја има одговорноста за бегството на Блерим Рамадани од земјава, на кого му беше одреден 30-дневен притвор по започната постапка за екстрадиција во Србија за воени злосторства, а судијата Пајазит Пајазити му одредил домашен притвор. Рамадани избега од земјава еден ден откако Обвинителството побара тој да се врати во затвор.