Владата им препорача на сите радиодифузери што реемитуваат спортски содржини на територија на државата најдоцна до 31 декември да започнат да ги имплементираат одредбите од Конвенцијата на ЕУ за прекугранична телевизија и да ги емитуваат спортските медиумски сервиси на македонски и на албански јазик.

Како што соопшти владината прес-служба, оваа препорака е донесена на денешната 117-та седница на Владата.

Препораката е врз основа на Извештајот на Работната група за изнаоѓање начин за регулирање на јазично покривање на македонски и албански јазик на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на Република Македонија.