Излезноста до 17 часот на првиот круг претседателски избори е 44,18 отсто.

Најголема излезност е забележана во Новаци од 67,19 отсто, а најмала во Пласница со 15,5 отсто.

Во споредба со првиот круг на преседателските избори во 2019 година, до 17 часот се забележува поголема излезност од околу 9 отсто.

Тогаш, излезноста на гласање на претседателските избори до 17 часот изнесувала 35,13 проценти од вкупниот број на запишани избирачи.