Триесет и осумгодишна жена е приведена откако нападнала и повредила своја јатрава во радовишкото село Сулдурци, информира МВР.

Според полицијата, настанот се случил на 30 март 2026 година околу 17:18 часот, кога А.К.(38) отишла во дворот на П.К.(46) и физички ја нападнала, удирајќи ја со остар предмет во пределот на главата.

Повредената била пренесена во Медицински центар Штип, каде ѝ била констатирана телесна повреда.

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ја лишиле од слобода осомничената во 19:10 часот и таа е задржана во Полициската станица Радовиш.

За случајот е известен јавен обвинител и по негови насоки, по целосно документирање, против А.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.