Престана со работа главната единица за производство на струја во болницата во близина на бегалскиот камп Џабалија, во северниот дел на Појасот Газа, соопшти тамошното Министерство за здравство.
Портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф Ал-Кудра, во телевизиско обраќање рече дека болницата сега работи со помал, резервен генератор, но мора да ги исклучи светлата во повеќето простории, да ги исклучи генераторите на кислород, како и ладилникот во мртовечницата.
„Овие итни мерки ќе и овозможат на болницата да работи само уште неколку дена. Меѓутоа, ако не можеме да обезбедиме струја или гориво, ќе се соочиме со катастрофа“, предупреди Ал-Кудра.
Шеснаесет од 35-те болници во Појасот Газа повеќе не се во можност да лекуваат пациенти поради недостиг на гориво, изјави денеска портпаролот на Министерството за здравство на Хамас.