Во центарот на сараевската Башчаршија, денеска се случи вооружена пресметка, во која едно лице е рането, а напаѓачот е во бегство. Според полицијата, двајцата учесници се лица со криминално досие, а престрелката се случила во момент кога пешачката зона била преполна со минувачи.

Повреден Адмир Лекиќ, идентификуван напаѓачот

Ранетиот е Адмир Лекиќ, познат по претходни пријави за насилничко однесување. Според портпаролката на МВР на Сараевската жупанија, Мерсиха Новалиќ, Лекиќ се здобил со полесни повреди во пределот на ногата.

  • „Едно лице се здобило со полесни повреди во пределот на ногата. Полицијата има информации за идентитетот на сторителот и активно работи на расветлување на случајот,“ изјави портпаролката на МВР на сараевската жупанија, Мерсиха Новалиќ.

Како напаѓач е идентификуван Недим Хасиќ, лице познато по криминални активности, кој во 2019 година учествувал во грабеж на бензинска пумпа во Сараево.

Безбедноста на минувачите

Иако пешачката зона била преполна во моментот на престрелката, за среќа, меѓу минувачите нема повредени. Полицијата продолжува со интензивна потрага по напаѓачот и презема мерки за безбедност во овој популарен дел од градот.

Овој инцидент предизвика загриженост кај жителите на Сараево, особено поради честите случувања поврзани со криминални активности во овој дел од градот.