Судот ги прогласи за виновни Дурмиш Белули, сопственик и управител на ДУРМО Турс, Ремзи Мифтари, одговорен за превозот во ДУРМО Турс, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски, Јане Бобаровски и Мануел Трифуновски затоа што не се придржувале до стандардите за превоз на патници и со тоа предизвикале опасност по животот и здравјето на патниците.
Според пресудата затворски казни добија сите обвинети. Дурмиш Белули, сопственикот и управител на Дурно Турс е осуден на 4 години затвор, Ремзи Муфтари, одговорниот за транпсорт доби затворска казна во висина од 6 години, додека тројцата вработени во станицата а технички преглед добија по 5 години затвор. Највисока затворска казна доби возачот на автобусот Мануел Трифуновски од 14 години.