Изјавата рачно напишана Кешишев во понеделникот до судот ја поднел без знаење на неговиот адвокат. За адвокатот на Видевски нелогично е што Кешишев ја сменил својата прва изјава.

Кешишев тврди дека згрешил што го послушал едниот од обвинетите Велибор Манев и кажал невистини во исказот.

Според него, Манев е тој што извршил притисок и му се заканил на полицијата да и каже дека Палевски е органзатор и извшрител на убиствата.

Кешишев тврди дека само тој, Боре Видевски и Манев биле заедно на местата на настаните во Велес и Скопје.

Во изјавата Кешишев не навел ништо за мотивите на двете убиства, ниту за тој кој пукал во Вања и во Панче.

Кешишев е човекот кој на полицијата ѝ откри каде е закопана Вања.

На крајот од денешното рочиште на кое сведочеа тројца сведоци, судијата ја подели писмената изјава на Кешишев на адвокатите на сите обвинети.

Оваа изјава ќе може да се расчисти кога сите обвинети ќе се соочат еден со друг во текот на судењето.

Извор: Рацин.мк