Во Тетово е приведен 39-годишен маж од селото Непроштено, осомничен дека физички ја нападнал својата поранешна девојка, 26-годишна државјанка на Украина со престој во градот.

Од СВР Тетово информираат дека нападот бил претходно пријавен во полиција, а осомничениот Б.М. сам се појавил во станицата во 01:00 часот по полноќ на 21 октомври 2025 година.

Тој е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.