ПРЕТЕПАЛЕ 19-ГОДИШНА ДЕВОЈКА
Пет лица од тетовското село Желино се кривично гонети под сомнение дека учествувале во физички напад врз 19-годишна девојка од истото село, соопшти СВР Тетово.
Според полицијата, кривичната пријава е поднесена против П.А. (28), С.А. (30), Е.А. (23), Г.А. (44) и А.А. (19), а постапката се води за кривичното дело „насилство“.
Инцидентот се случил на 26 септември 2025 година, по претходна расправија меѓу инволвираните. Како што информираат од СВР Тетово, расправијата прераснала во физички напад, при што петтемина ја нападнале младата девојка.
– По целосно расчистување и документирање на случајот, СВР Тетово поднесе кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“ – соопштија од полицијата.
Од надлежните институции засега нема официјални информации за тежината на повредите на девојката. Случајот е пријавен и се води постапка пред надлежните органи.
Надлежното обвинителство ќе одлучува за понатамошните чекори.
ПРЕТЕПАЛЕ 19-ГОДИШНА ДЕВОЈКА
