Идентификуван 38-годишен маж од Кочани

Министерството за надворешни работи соопшти дека македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани, трагично го загубил животот во Љубљана во ноќта на 2 октомври 2025 година. Известувањето е доставено до Амбасадата на Македонија во Словенија, а според информациите од словенечката полиција, семејството на починатиот е веќе информирано за настанот.

Амбасадата во контакт со словенечките власти

Од МНР соопштуваат дека Амбасадата на Македонија во Љубљана е во постојан контакт со семејството на починатиот и со надлежните институции во Словенија, со цел да се обезбеди соодветна конзуларна поддршка и да се следи текот на истрагата.

Првични информации укажуваат на насилство

Словенечката полиција претходно потврди дека во петокот на улица во Љубљана било пронајдено безживотно тело, кое по извршената идентификација се покажало дека припаѓа на 38-годишен државјанин на Македонија. „Полициските службеници извршија увид, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е утврдена. Кривичната истрага е во тек, а државното обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави портпаролката на полицијата во Љубљана, Шпела Шкопорц. Неофицијално, првичните информации укажуваат дека мажот можеби бил претепан до смрт, но деталите ќе бидат познати по завршување на истрагата.