Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот претежно облачно, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег.  Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат од -4 до 3 степени, а дневните во интервал од 4 до 12 степени

Во Скопје претпладне со појава на магла, а преку денот умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура е 8 степени.

За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува умерен до засилен, повремено силен ветер од јужен правец поизразен долж Повардарието.

Под влијание на влажен бран времето во текот на оваа седмица ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни и обилни. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец што ќе услови релативно топло време за овој период од годината и врнежи претежно од дожд.