Жрепката во ФИБА ја одреди групната распределба

Во седиштето на ФИБА во Мис, Швајцарија, вечерва се одржа жрепката за составот на групите во претквалификациите за пласман на Европското првенство за кошаркарки во 2029 година.

Македонската женска репрезентација се најде во групата Ц заедно со селекциите на Романија и Естонија. Првопласираните од трите групи, како и најдобрата второпласирана екипа, ќе обезбедат пласман во следната натпреварувачка фаза.

Состав на групите во претквалификациите

  • Група А: Швајцарија, Исланд, Азербејџан, Ирска
  • Група Б: Босна и Херцеговина, Норвешка, Кипар
  • Група Ц: Македонија, Романија, Естонија