Времето денеска во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб ветер од променлив правец. Претпладне во западните делови ќе има појава на ниска облачност или магла, информираат од УХМР.
Минималните температури ќе се движат од 1 до 9 Целзиусови степени, а максималните од 10 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде 6, а максималната 15 Целзиусови степени.
За утре од УХМР најавуваат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.