Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и кон крајот на денот со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Максималните температури ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне во делови од Скопската Котлина ќе има појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, повремено и засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.
За време на викендот ќе преовладува стабилно и релативно топло време, а на почетокот на следната седмица повторно ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.