СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.С.(26) од кичевското село Вранештица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанции“ и против Б.Т.(24) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанци“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При преглед во патничко возило „опел корса“ со кичевски регистарски ознаки, во кругот на авто-кампот „Градиште“ во Охрид, во кое биле пријавените, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана.