На 11.07.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција во содејство со полициската станица од општа надлежност Битола ги лишиле од слобода М.Ј. и Ј.Б., двете лица од Битола.
Имено, при претрес извршен со наредба од Основен суд Битола во дом и помошни простории кај М.Ј. од Битола, биле пронајдени и одземени амфетамин, три дигитални ваги со остатоци од дрога, рамка од пиштол наполнет со 8 куршуми, 79 куршуми од непознат калибар, 35 маневарски куршуми, грутчеста материја, пакет со распрскувачки капси за сигнален пиштол. Малку подоцна, приведена е и Ј.Б.(34), бидејќи по преземени мерки и активности е утврдено дека е поврзана со пронајдената дрога при претресот.
Лицата се приведени во полициска станица Битола и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени пријави по член 396 и по член 215 од Кривичниот законик.