По претходно добиена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје бил извршен претрес во дом на подрачјето на Центар, во кој живее Д.М., при што биле пронајдени поголемо полиетиленско пакување со марихуана и електронска вага.
Дваесетгодишниот Д.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава по чл.215 од Кривичниот законик.