При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка од руско производство со калибар 16 мм, една воздушна пушка, една пушка „Црвена застава“ и повеќе куршуми од различен калибар, кои ги поседувал без дозвола.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.