Полициски службеници од ОВР Гостивар на 15 февруари 2025 година во 14:20 часот, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории на Г.Ѓ. (42) од Гостивар.
При претресот биле пронајдени три шприца со течност, дигитална вага и марихуана, поради што е лишен од слобода Г.Ѓ., како и неговиот татко Ј.Ѓ. (69), поради основано сомнение за сторено кривично дело „нелегално производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Приведените се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.