На 29.01.2022 во 16.30 часот полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишија од слобода Ш.Ј.(21) од с.Равен, гостиварско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информира МВР.

Имено, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом во с.Равен, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.