Како што соопшти полицијата вчера во 10.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода лице (34) од Охрид.
СВР Охрид информира дека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и повеќе предмети со остатоци од кокаин.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.