На 26.09.2023 во с.Дебреште, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.И.(53) од с.Дебреште.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7.65 мм, рамка за пиштол калибар 7.65 мм и други предмети.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.