Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија вчера го лишиле од слобода скопјанецот А.С. (27).
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, информираат од МВР, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.