Вчера во 14:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово, по судска наредба, извршија претрес во викендица во село Војник, Општина Старо Нагоричане, сопственост на К.Б. (26) од Куманово.

При претресот биле пронајдени пиштол „застава” калибар 6.35, електрошок, дигитална вага и други предмети.

К.Б. претходно е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.