При претреси во гевгелиско вчера полицијата приведе две лица. Кај едното лице била пронајдена марихуана, а кај другото муниција, соопшти МВР.
При претрес на дом и помошни простории во село Моин, гевгелиско, во кои живее Б. Ѓ. (46) од Гевгелија, во дворот биле пронајдени насад со растението cannabis sativa, а во дневната соба биле пронајдени четири пакувања со растителна материја – марихуана. Б.Ѓ. е лишен од слобода, приведен во Полициска станица Гевгелија, а за случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија. По комплетирање на документацијата против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.
Во периодот од 19:30 до 20:30 часот, пак, бил извршен претрес на дом и помошни простории во истото село, во кои живее А. К. (29) од Гевгелија, при што биле пронајдени 38 боеви куршуми калибар 7,9мм, осум боеви зрна и еден боев куршум непознат калибар. Лицето е лишено од слобода, известен е дежурен Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, а по комплетирање на документацијата од страна на СВР Струмица ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.
– Министерството за внатрешни работи со несмалено темпо ќе продолжи со преземање на интензивни мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со наркотични дроги и оружје, нагласуваат од МВР.