Претседателката на Косово, Вјоса Османи Садриу, денеска ќе престојува во официјална посета на Општина Тетово.
Од Општина Тетово најавија дека претседателката Османи Садриу ќе оствари средба со тетовскиот градоначалник Билал Касами, по што ќе го посети ООУ „Лирија”. На градскиот плоштад предвиден е музички настап со стари народни песни, по што ќе замине во Шарена џамија.
Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека денеска во градот ќе воведе посебен сообраќаен режим во централното подрачје по повод престојoт на висока делегација на Република Косово.
Временото сообраќајно ограничување ќе почне од 5 часот наутро се до завршувањето на официјалната посета.