По скандирањата на кошаркарскиот натпревар во Куманово, нов инцидент на фудбалски терен на натпреварот меѓу Шкендија и Карабах. Навивачите на Шкендија со шовинистички скандирања – ги игнорираа повиците за фер-плеј

(ВИДЕО) „ИЛИРИДА, ИЛИРИДА“: Навивачите на Шкендија со шовинистички скандирања од арената Тодор Проески во Скопје

Осудата и силни реакции во јавноста. Претседателката Сиљановска-Давкова недоличните скандирања ги оцени како ненаучена лекција.

Сеопштата осуда на навивачкиот примитивизам на сите ни влеа надеж за цврста решеност за справување со овој неспортски феномен. Просветителски звучеа апелите за ставање крај на националистичките и шовинистички повици од трибините. Но, сцените од меѓународниот натпревар Шкендија – Карабах беа реприза на кумановската трагична приказна. Хипокризија и цинизам е селективното реагирање на неспортскиот вандализам. Само со заедничка доследна и бескомпромисна битка со шовинистичките изблици, без оглед чии се, ќе градиме здраво општество-напиша претседателката Сиљановска-Давкова на својот Фејсбук профил.