-Законот ги изедначува сите љубовни врски меѓу две лица, рече Пињера во владината палата Ла Монеда на церемонијата на која присуствуваа ЛГБТ активисти, претставници на граѓанското општество, пратеници и официјални лица.
Чулеанскиот Конгрес во вторникот го одобри законот што претставува пресвртница за оваа конзервативна јужноамериканска држава, која овој месец се подготвува за неизвесни претседателски избори.
-Сите парови кои сакаат да ја живеат љубовта, да стапат во брак и да основаат семејство ќе можат да го сторат тоа достоинствено и со правната заштита што им е потребна и ја заслужуваат, без разлика на сексуалната ориентација, рече Пињера.
Чиле долго време ја оддржуваше својата конзервативна репутација, дури и меѓу римокатоличките соседи. Меѓутоа, повеќето Чилеанци денеска ги поддржуваат истополовите бракови и во изминатите неколку години покажаа знаци на либерализација за различни социолошки и културни прашања.
Граѓанското партнерство во Чиле е легално од 2015 година, а со него на истополовите двојки им се дозволуваа во поголемиот дел, но не и сите, придобивки што ги уживаат брачните двојки.