рТој се наоѓа во самоизолација во Кејптаун, а должностите во текот на неделата му ги додели на заменикот Дејвид Мабузи.
Рамафоса (69) бил вакциниран со две дози вакцина против Ковид-19. Во соопштението не се наведува дали е заразен со сојот Омикрон.
Во изминатиот период тој посети четири земји во Западна Африка, а во секоја од нив имаше негативни резултати на задолжителното тестирање. Тој се врати дома од Сенегал на 8 декември.
Претседателот на Јужноафриканската Република истакна дека неговата инфекција треба да биде лекција за сите зошто треба да се вакцинираат. Рамафоса додаде дека вакцината и натаму е најдобра заштита од тешки форми на заболување и хоспитализација, се наведува во соопштението.