Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средба со НВ Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс III.
Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што дискутиравме за повеќе важни прашања, вклучувајќи ги билатералните односи меѓу двете земји и можностите за натамошна соработка во различни области, информира Мицкоски.
Тој додава дека ваквата средба е доказ за пријателството меѓу Македонија и Обединетото Кралство.
Оваа средба претставува значајно признание за Македонија и е потврда за зајакнатата соработка и пријателство со Обединетото Кралство.