Американскиот амбасадор во Русија, Џон Саливан имаше средба со руски официјални лица, со цел да се разговара за тесен опсег на прашања во билатералните односи, соопшти портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

– Амбасадорот Саливан со своите руски колеги разговараше за прашања во билатералните односи. Тие имаат тенденција да бидат прилично тесни. Во многу случаи, главно, тие се фокусирани на функционирањето на нашата амбасада, појасни Прајс.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека заменик министерот за надворешни работи, Сергеј Рјабков, со Саливен разговарал за низа прашања, поврзани со руско-американските односи.

– Заменик министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Рјабков, се сретна со амбасадорот на САД во Москва, Саливан. Се разговараше за низа прашања од билатералната агенда, се наведува во соопштението, што го пренесе ТАСС.