Претставниците на Синдикатот за здравство кои денеска се собраа на протест пред Министерството за здравство ќе бидат примени на средба со техничкиот министерот за здравство Илир Демири.

Здравствените работници денеска, во организација на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, поддржани од Сојузот на синдикатите на Македонија, се собраа на протест пред Министерството за здравство во знак на незадоволство од непотпишаниот анекс на Колективниот договор.

Под мотото „Здравството на протест за плата“, паралелно, денеска, здравствените работници ќе излезат на протест и пред здравствените домови низ државата.