Прекинот на огнот во Украина не е на повидок, но може да дојде во наредните недели во зависност од тоа како ќе продолжат војната и тековните мировни преговори, според Мартин Грифитс, заменик генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања.

„Примире не е на повидок во моментов, но можеби ќе биде за неколку недели. Можеби ќе трае малку подолго “, рече Грифитс на брифинг пред новинарите во седиштето на ОН во Њујорк.

Грифитс рече дека планира да оди во Турција подоцна оваа недела за да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за да ги идентификува начините на кои ОН можат да помогнат во поддршката на мировниот процес и преговорите меѓу Украина и Русија. Тој додаде дека е „навистина импресиониран“ од улогата што Турција ја игра во конфликтот, нарекувајќи ја земјата „важен аспект“ на ситуацијата.

-Треба да ги следиме преговорите многу, многу внимателно, па оттука и патувањето во Турција оваа недела, рече Грифитс.

Грифитс рече дека исто така се надева оти Турција може да биде домаќин на „хуманитарна контакт група“ преку која може да се разговара за преговорите за хуманитарна помош. Тој рече дека украинските власти веќе се согласиле на ова и дека се надева дека тоа ќе го направат и руските власти.