Тој вели дека ми сојот засега не претставува голема опасност за граѓаните, за разлика од делта сојот кој брзо се шири и може да предизвика сериозни здравствени проблеми кај тие кои веќе боледуваат од некои хронични болести.
Кога станува збор за трета доза од вакцината против коронавирусот, претставникот на СЗО истакнува дека појавата на трета доза на вакцина е условена од брзото ширење на агресивната варијанта на коронавирусот, односно на делта сојот.
-Ефикасноста, односно, делотворноста на вакцината со тек на време опаѓа, па поради тоа неопходна е трета доза на вакцина, посебно кај постарите луѓе кои имаат хронични заболувања, вели тој за ТВ Прва.
Тој додава дека третата доза, гледано од аспект на моменталната епидемиолошка ситуација, е многу силна доза на вакцина, насочена кон спречување на ширењето на делта сојот.
Третата доза наменета е за многу луѓе, посебно за повозрасната популација, но специфично е кој би требало да ја прими, претставникот на СЗО вели дека клиничките испитувања се во тек.
Според него, третата доза значително го подобрува имунолошкиот систем на граѓаните и препорака е што повеќе граѓани да се вакцинираат.