Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус вели дека ограничувањата ќе бидат ублажени само кога 70% од населението ќе ја прими првата доза на вакцината. Тој вели дека тоа се очекува да се случи на 23 -ти септември или околу тој датум. Досега, 56% од луѓето на возраст над 16 години ја примиле првата доза.

– Она што треба да направиме е да потиснеме доволно случаи за да имаме доволно време за вакцинирање луѓе. Тоа значи дека се уште не можеме да ги укинеме мерките“, рече Ендрјус. „Ни претстои тешко, предизвикувачко време во наредните недели, додаде тој.

Викторија регистрираше 120 нови случаи во средата, од 76 претходниот ден, но значително помалку од 1.116 случаи регистрирани во соседен Нов Јужен Велс, кои исто така пријавија четири нови смртни случаи.

Сиднеј сега влегува во третиот месец заклучување. Да потсетиме, беше воведен на 26 јуни.

Претставниците на Нов Јужен Велс рекоа дека „патот до слободата е повеќе вакцинирање“. Досега, 37% од луѓето во државата се вакцинирани со првата доза.

Австралија вчера потпиша договор со Сингапур за замена на вакцината со 500.000 дози Фајзер, која ќе пристигне наскоро. Владата, исто така, купи околу милион дози за итни случаи од Полска.

Соседниот Нов Зеланд забележа 75 нови случаи, од кои сите освен еден беа во градот Оукленд.

Оукленд и околните области се затворени од 17 август.

Говорејќи на прес-конференција, здравствениот директор на Нов Зеланд, Ешли Блумфилд, рече дека поголемиот број на нови инфекции не е неочекуван, додавајќи дека стапката на репродукција на вирусот во заедницата се уште е „ветувачка“.

Додаде дека очекува бројот на случаи да продолжи да се намалува.