на таквата состојба, Народниот правобранител бара веднаш да се донесат соодветни измени и дополнување на одредбите од Законот за даночна постапка и Законот за даноците на имот во насока на лимитирање на делот кој им се запира на граѓаните на име на долг.
Како проблем на денешната прес – конференција Народниот правобранител го посочи и тројно зголемениот данок на имот за 2022 година, од страна на Општина Охрид. Апсурдот да биде поголем сите вакви решенија, како што истакна тој, се донесени во текот на месец март 2022 година, односно по само два месеци од денот на започнувањето на применета на Законот за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, па аналогно на тоа, единствено се засноваат на претпоставката на Општина Охрид дека нема да ги користат или нема да ги издаваат под закуп предметните недвижности, подолго од шест месеци во текот на една година.
-Укажувањето на Народниот правобранител да ги преиспита донесените решенија за утврдување данок на имот за 2022 година, а во контекст на што со сигурност ќе биде утврдена и околноста дали тие ги користат или ги издаваат под закуп своите недвижности, подолго од шест месеци во текот на една година, од Општина Охрид не е прифатено со формален изговор дека нејзините решенија, единствено може да ги поништи Управниот суд,рече Зибери и додаде дека бара Општината Охрид веднаш да ја преиспита оваа постапка и да постапи по укажувањето на Народниот правобранител.
На темата финансии, Зибери посочи уште една појава која се однесува на работата на финансиските друштва, за што иако немаат директна надлежост граѓаните доставиле претставки.
Тој притоа посочи пример за земен брз кредит од 9.000 денари, граѓанин, кој поднел претставка кај Народниот правобранител, бил принуден да плати сума за осум пати поголема од главниот долг.
-За да има јавноста јасна престава за што зборувам ќе илустритам со еден пример. Земен кредит од 9.000 денари, за доцнење со негова исплата навистина како во рекламите, не се наплатува камата, меѓутоа се наплатуваат други огромни трошоци. Така за конкретниот пример на име достасан надоместок наплатени се 2.026 денари, за надоместок за доцнење дури 58.846, денари, па кога на ова ќе се додаде износот за пратената опомената 5.900, денари долгот ја достигнува сумата од 75.772 денари, што е сума за осум пати поголема од главнит долг, рече Зибери.
Бидејќи со сегашната законска регулатива граѓаните корисници на овие брзи кредити се ставаат во огромни долгови, Народниот правобранител бара веднаш да се пристапи кон нејзина измена со цел граѓаните при враќањето на кредитите да не бидат повеќекратно оштетени.
Зибери истакна дека минатата година утврдиле повреда на правата на наставниците во постапка за трансформација на работниот однос од страна на локалните власти и државниот просветен инспекторат.
-Остварувањето на правото на трансформација на работниот однос од определено на неопределено работно време на наставниците во основните и средни училишта е попречувано од скоро сите локални власти во државата. Градоначалниците ја одложуваа постапката и не носеа Решенија за формирање на нови Комисии за трансформација на работниот однос во образованието, рече Зибери и додаде дека со оглед на фактот што на овие лица им се прекршени правата бара локалните власти и инспекторатот веднаш да постапат по укажувањата на Народниот правобранител и да им го трансформираат работниот однос.
Народниот правобранител посочи дека за жал и минатата година граѓаните се соочуваа со одолговлекување на судските постапки, неефикасност на Управното судство, затворскиот систем и понатаму останува слаба алка во секој поглед – сместувачки капацитети, здравствена заштита, граѓаните пред Управата за водење на матична евиденција, со која имаме подобрена соработка, и натаму водат долгорајни постапки за осварување на своите права, а не се средени ни состојбите со лекарските комисии кои одлучуваа за правата на помош и нега од друго лице па граѓаните се приморани со месеци да чекаат на остварување на ова право.
Тој ја потенцираше добрата соработка која ја имале со Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги во делот на промена на регулативата во однос на временскиот период на читање на брилата за потрошена електрична енергија, која наместо еднаш горишно сега се врши квартално, со интенција тоа да премине во еднаш месечно.
Притоа тој искажа задоволство од донесената одлука на Уставниот суд за укинување на членот 44 став 2 од Законот за социјална заштита, за кој Народниот правобранител уште пред две години укажа дека е дискриминаторски.
Зибери истакна дека според нивни информации во тек е постапка на промена на законската регулатива која се однесува на сместувањето на малолетничките кои во иднина наместо во КПД/КПУ „Идризово„ ќе бидат сместувани во Воспитно поправниот дом Тетово-Волковија. – Со ова ќе се реши прблемот кој го имаа – лоши услови за престој, неможност за добивање на здравствена заштита,немање на образове процес, ресозцијализација, контакти со осуденички, односно нема да бидат дискриминирани во однос на малолетниците, рече Зибери.
На крајот народниот правобранител изрази надеж дека овој извештај нема да ја сподели судбината на претходниот за 2021 година, кој, како што рече, од страна на пратениците беше разгледан пред само неколку дена.
-Апсурдна постапка која на некој начин го девалвира законското решение, кое произлезе токму заради фактот што не се почитуваа општите препораки на Народниот правобранител, со кое по разгледувањето на извештајот Собранието утврдува мерки, кои се доставуваат до Владата, која, пак, има обврска да реферира два пати годишно колку од истите се имплементирани, односно по колку е постапено, со цел отстранување на констатираните повреди и подбрување на состојбата со почитувањето на човековите слободи и права, рече народниот правобранител Зибери.