Членовите на Советот за реформа на јавната администрација, како што информирата од владината прес-служба, го разгледале третиот полугодишен извештај за периодот јануари – јуни 2020 година од Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022 година, како и третиот годишен извештај за имплементација на Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација (2018 – 2022) за 2020 година.
Реорганизацијата на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби, истакнал Заев, е еден од клучните реформски приоритети за подобрување на ефикасноста и сервисната ориентација на јавната администрација и за таа цел, се вели во соопштението, беше одржана и тематска седница на Владата на која детално беше дискутиран првиот предлог Интегриран извештај за идната организациска поставеност на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби на централно ниво.
– Врз основа на вашата активна партиципација од минатата недела и предлозите кои тогаш, а и дополнително ги споделивте со министерот за информатичко општество и администрација, од страна на проектниот тим направена е Презентација на предлогот, наодите и препораките за идната структура на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби на централно ниво, информираше Заев.
Експертот на проектот, Александар Антонов, го презентирал предлогот за идната структура на јавната администрација.
Тој, се наведува во соопштението, се осврна на инклузивноста на процесот во кој биле вклучени сите засегнати страни и сите министерства, како и дека во изминатиот период биле направени повеќе анализи, интервјуа, работни состаноци кои доведоа до првиот предлог за реорганизација на јавната администрација. Предлогот за реорганизација во наредниот период ќе биде доставен и на седница на Владата.
Премиерот, се вели во соопштението, изрази благодарност до Делегацијата на Европската унија и на Проектот „Поддршка на државната реорганизација“ за досегашната помош и соработка во имплементирањето на оваа значајна реформа која треба да доведе до оптимизирање на целокупната институционална рамка, што ќе доведе до поставување на јасни линии на отчетност, подобрување на испораката на услугите, ефикасноста и ефективноста на јавната администрација и зајакнување на довербата на граѓаните во јавниот сектор.
Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, го презентира Третиот полугодишен извештај за периодот јануари – јуни 2020 година и Третиот годишен извештај за имплементација на Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација (2018 – 2022) за 2020 година.
Како заклучок на состанокот, се наведуав во соопштението, е дека во наредниот период Предлогот за идната организациска поставеност на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби на централно ниво, ќе биде финализиран и доставен на седница на Влада.